MKinformer

your daily dose of news

Пет лица се затруле од сендвичара во Штип

28/09/2025 13:28

Пет лица пријавиле симптоми на труење со храна по консумирање сендвичи со пилешки стек во сендвичарница–киоск во Штип, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Објектот веднаш е затворен и нема да работи сè додека не пристигнат резултатите од лабораториските тестирања.

Случајот бил пријавен од Центарот за јавно здравје Штип, по што инспекторите на АХВ извршиле вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна. Земени се примероци од спорната храна и брисеви од работните површини, а сите активности се насочени кон проверка на безбедноста на производите.

Граѓаните кои почувствувале симптоми побарале медицинска помош и нивната здравствена состојба е под постојан надзор на надлежните здравствени служби.

Од Агенцијата нагласуваат дека инспекциските контроли ќе продолжат со цел заштита на потрошувачите и превенција на слични случаи во иднина.

error: Содржината е заштитена од копирање !!