MKinformer

your daily dose of news

Од 54 барања за надоместок на жртви на насилство — државата одобрила само една исплата

29/09/2025 13:17

Од вкупно 54 поднесени барања за паричен надоместок на жртви на насилство и за убиство на блиски, државата одобри само една исплата во износ од 500 евра.

Најголем дел од барањата биле одбиени поради тоа што подносителите не ги исполнувале законските предуслови и не се квалифицирале како непосредни жртви на кривично дело. Од останатите, 21 предмет се во тек и подносителите се повикани да ги доуредат документите, додека само еден предмет завршил со позитивна одлука — на една жена жртва на семејно насилство ѝ е одобрен надоместок како солидарна помош.

Правото на надоместок се однесува на дела извршени од 25 мај 2023 година наваму, а подносителите можат да бараат обесштетување ако насилството е пријавено по тој датум.

error: Содржината е заштитена од копирање !!