Александар Трајановски со остра реакција до Јоци: „Имаш 24 часа да ја повлечеш лагата, следи тужба!“
12/10/2025 17:28
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Александар Трајановски, остро реагираше на најновите обвинувања објавени од новинарката Јорданка Ивановска – Јоци. Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, Трајановски директно ѝ порача дека зад нејзините текстови стојат политички нарачки и медиумски манипулации.
„Драга Јоци, да не пишеше „брат“, немаше да знаеме од кај ти е нарачката“, напиша Трајановски, посочувајќи дека неоснованите напади против него се дел од организирана кампања поддржана од бизнис-центри блиски до власта.
Тој потсети дека во времето на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, СДСМ го обвинуваа дека стои зад порталот „Инфомакс“, додека сега, како што вели, преку Јоци се шири нова лага дека е концесионер на спортско игралиште. „Шилегов барем имаше храброст сам да го каже, за разлика од „братот Орце“ кој мора да те плаќа тебе и 2000 ботови да му викаат дека е најдобар“, нагласи Трајановски.
Во објавата, кандидатот на ГРОМ упати и ултиматум, барање за јавно извинување и повлекување на, како што ја нарече, „лажната објава“ во рок од 24 часа, со предупредување дека во спротивно ќе поднесе тужба.
Со оваа реакција, Трајановски испрати јасна порака дека нема да дозволи медиумски конструкции да ја засенат неговата изборна програма и дека борбата за почист, покултурен и достоинствен Скопје ќе ја води со факти, а не со лаги.
На што Јоци реагираше експресно, со потсмев

По што Трајановски, уште по експресно и возврати дека ќе се гледаат на суд.






