Завршна порака од Трајановски: „Скопје е град на солидарност, да си подадеме рака повторно“
17/10/2025 19:58
Во последната објава пред изборниот молк, кандидатот за градоначалник на Скопје од ГРОМ, Александар Трајановски, испрати силна и мотивирачка порака до граѓаните, нагласувајќи дека овие три изборни недели покажале дека може поинаку и со почит, идеи и конкретни решенија, а не со празни ветувања.
„Нашата визија е јасна, модерно и европско Скопје што работи за граѓаните, не за политиката“, порача Трајановски, додавајќи дека главниот град е изграден на солидарност и дека денес е време повторно да си подадеме рака, еден на друг.
Со оптимистички тон и порака за обединување, тој ги повика скопјани во недела да излезат и да поддржат визија која создава решенија, а не проблеми.
„Повеќе резултати, помалку изговори, тоа е нашата определба“, заврши Трајановски во својата порака, нагласувајќи дека Скопје може и мора да биде град на дела, ред и европски вредности.






