MKinformer

your daily dose of news

Трајановски со визија за Скопје: „Скопје може повторно да биде убав, чист и урбан град“

29/09/2025 7:28

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски, преку своја објава на социјалните мрежи испрати силна порака на надеж и визија за иднината на главниот град.

„Ако убедам барем еден скопјанец повеќе од мене дека овој град може повторно да биде убав, чист и урбан – тогаш јас би бил среќен“, истакна Трајановски, додавајќи дека неговата мисија е Скопје да се врати на патот на развојот и солидарноста.

Во неговата визија, Скопје е град кој ќе им пружи вистински можности на младите – наместо да заминуваат, да останат и да создаваат тука, во град достоен за нивната иднина. „Сакам Скопје да биде град на младите, на идеите и на креативноста“, нагласи тој.

Посебен акцент стави на јавниот превоз, кој според него треба да стане прва опција за граѓаните, а не последна. Исто така, ја истакна и својата посветеност кон град во кој улиците ќе бидат исполнети со џагор, радост и живот, наместо со мирис на нечистотија и запуштеност.

„Сакам Скопје на музика, концерти, Луна Парк, ноќен живот и забава. Скопје кое ќе живее со полни гради“, порача Трајановски.

Со својот слоган „Број #1 за Повеќе резултати, помалку изговори“, Трајановски се претставува како кандидат кој нуди решенија и конкретни дела, а не празни ветувања.

error: Содржината е заштитена од копирање !!