Времето денес: Облачно со повремен локален дожд
22/10/2025 9:05
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во четврток и сабота кога ќе преовладува стабилно време. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од југозападен, а од недела од јужен правец
Утре не очекува променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.




