MKinformer

your daily dose of news

СУТКОЗ со закани и драматични тврдења. Дали синдикалниот притисок врз „Комунална хигиена“ станува политички инструмент?

22/10/2025 12:17

Синдикатот на СУТКОЗ при ЈП „Комунална хигиена“ повторно излезе со драматична објава во јавноста, во која се обидува да ја прикаже состојбата во претпријатието како катастрофална, со задоцнети плати и нефункционална механизација. Но, ваквите тврдења сè повеќе личат на синдикално-политички притисок, отколку на реална слика од теренот.

Иако во соопштението се нагласува дека платите „си доцнат со месеци“, од претпријатието денеска појаснија дека станува збор за неколкудневно задоцнување кое е во рамките на законскиот рок, нешто што не е невообичаено во јавните претпријатија. Сепак, СУТКОЗ најавува кривични пријави, инспекциски постапки и други мерки, што создава впечаток на намерно драматизирање и поткопување на авторитетот на сегашното раководство.

Забележливо е и тоа што Синдикатот го користи секое минимално доцнење на плата како повод за јавни настапи и медиумски истапи, без да понуди конкретни решенија или да признае дека претпријатието функционира во сложени услови, со намалени ресурси и опрема која со години е занемарувана.

Парадоксално, токму додека СУТКОЗ зборува за „совесност“ и „редовно извршување на обврските“, дел од граѓаните секојдневно сведочат на неиспразнети контејнери и неефикасно собирање смет, што го става под прашање нивниот реален придонес во подобрувањето на состојбата.

Во јавноста расте впечатокот дека дел од синдикалното раководство повеќе се занимава со медиумски настапи и закани кон менаџментот, отколку со конструктивен дијалог и решенија за вистинските проблеми.

error: Содржината е заштитена од копирање !!