Револуционерен изум: „ДНК цветови“ како „разнесувач“ на лекови низ телото
24/10/2025 8:30
Истражувачки тим од Универзитетот во Северна Каролина разви микроскопски меки роботи во форма на цветови кои можат да ја менуваат својата форма и однесување во зависност од условите во околината. Овие минијатурни „ДНК цветови“ се создадени од специјални кристали што комбинираат ДНК и неоргански материјали, а можат да се преклопат и расклопат за само неколку секунди, пренесува „Еурек Алерт“.
ДНК структурата на секој цвет функционира како микрокомпјутерска програма која му „кажува“ како да се движи и реагира. Промените во киселоста на околината, на пример, предизвикуваат ливчињата да се отворат или затворат, па дури и да иницираат хемиска реакција.
„Нашата цел е создавање на материјали што сами се приспособуваат, реагираат и извршуваат задачи, како што се доставување лекови, изведување биопсии или отстранување на згрутчувања на крвта“, изјави д-р Ронит Фримен, директор на Лабораторијата Фримен и коавтор на трудот објавен во Nature Nanotechnology.
New Paper Alert – just published in @NatureNano
Inspired by the elegance of flowers, our soft robots, made from DNA-Inorganic crystals, can bloom and initiate reactions triggered by environmental stimuli.
Explore the full study here: https://t.co/B5zp4XGWmG#DNA #Flowers pic.twitter.com/4rr8KGEjXJ— Ronit Freeman (@RFreeman_Lab) October 22, 2025
Идејата е инспирирана од природни процеси како цветање на растенија, пулсирање на корали и раст на ткиво. Според истражувачите, клучот на успехот е во начинот на кој ДНК нишките се распоредени во кристалите, тие се превиткуваат или опуштаат во зависност од киселоста, со што го контролираат движењето на „цветот“.
Иако технологијата е во почетна фаза, научниците предвидуваат бројни идни примени. Во медицината, „ДНК цветови“ би можеле да се користат за прецизна испорака на лекови во тумори, кои потоа би се ослободувале само кога условите го бараат тоа. Надвор од медицината, овие паметни материјали би можеле да помагаат во чистење на загадена вода или да служат како ултракомпактни складишта за дигитални податоци, со капацитет до два трилиони гигабајти во една лажичка материјал.





![Во Дебар се предлага организирање на вoopyжени гpaѓански стpaжи policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)
