Александар Трајановски: Моите идеи за Градскиот парк станаа инспирација за другите, тоа е најголем комплимент!
26/10/2025 15:25
Александар Трајановски од партијата ГРОМ, кој беше кандидат за градоначалник на Скопје, со гордост потсети дека неговата програма била единствената која детално предвидела ревитализација на Градскиот парк, проект со јасна визија, реализам и грижа за секој детал.
„Додека другите зборуваа за нови мега паркови, ние понудивме конкретни решенија, обновено зеленило, уредена инфраструктура и воведување пловни реквизити во вештачките езера“, истакна Трајановски во својата објава.
Тој додава дека денес, кога слични идеи се појавуваат во програмите на други политички опции, тоа не го смета за копирање, туку за највисока форма на признание, доказ дека предложените решенија биле реални, современи и квалитетни.
„Кога машинеријата конечно ќе собере храброст да ја признае својата безидејност и некреативност, можеби ќе зборуваме за автентичност. До тогаш, добро е што идеите им се барем од сигурен извор“, порача Трајановски со доза на хумор, додавајќи дека патриотизмот на Скопје бара свои, автентични пловни решенија, а не увезени симболи.
Со оваа објава, Трајановски уште еднаш потврди дека зад неговиот пристап стои конзистентна визија, љубов кон градот и креативност, која дури и неговите политички конкуренти не можат да ја игнорираат.






