MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Пијан возач усмрти татко, мајка и двегодишно дете

26/10/2025 11:10

Синоќа околу еден часот по полноќ, во населбата Нов Белград се случи тешка сообраќајна несреќа во која животите ги загубија татко, мајка и деветгодишно дете. Несреќата се случила на крстосницата меѓу Булеварот „Херои од Кошара“ и Улицата „Младински бригади“, во близина на комплексот Кула West 65.

Според првичните информации, возачот на едно од возилата, кој бил под дејство на алкохол, се движел со голема брзина и поминал на црвено светло, по што изгубил контрола и со силен удар се судрил со автомобилот во кој се наоѓало семејството. Од силината на ударот бил урнат и столб за улично осветлување, а возилото е целосно уништено.

Екипите на противпожарната служба и Итната медицинска помош на местото на настанот пронашле три тела, додека уште две лица со тешки повреди биле итно пренесени во болница.

Возачот е уапсен и задржан 48 часа, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста на сообраќајот со смртен исход.

 

Прикажи ову објаву у апликацији Instagram

 

Објава коју дели 192.RS (@192_rs)

error: Содржината е заштитена од копирање !!