MKinformer

your daily dose of news

Јакимовски: Граѓаните на Карпош ќе одлучуваат каде ќе се трошат општинските пари

26/10/2025 15:14

Градоначалникот на Општина Карпош и кандидат за нов мандат, Стевче Јакимовски, најави нов модел на вистинска децентрализација – враќање на дел од буџетот директно во рацете на граѓаните.

Според неговата објава, од следната година 2% од буџетот на Општина Карпош ќе се распределува директно во урбаните заедници. Тоа значи дека секое маало ќе добива од 15.000 до 25.000 евра годишно, во зависност од бројот на жители.

Средствата ќе бидат наменети за реализација на локални приоритети, од обележување пешачки премини и поставување огледала и столпчиња, до реконструкција на тротоари и инсталација на системи за наводнување на тревниците.

„Наместо за секоја ситница да се чека општината, граѓаните сами ќе одлучуваат што им е најпотребно во нивното маало. Ова е вистинска децентрализација – враќање на моќта кај народот“, порача Јакимовски.

Со оваа мерка, Карпош станува првата општина во Македонија каде што граѓаните директно ќе одлучуваат за дел од општинскиот буџет, чекор што го поставува градот како пример за активно граѓанско учество и транспарентност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!