(ВИДЕО) Вардар се претвори во пластично море: Срам за државата и неодговорниот народ!
28/10/2025 12:44
Запрепастувачка снимка од енормно загадување на реката Вардар, предизвикува згрозеност кај јавноста. Илјадници пластични шишиња и друг отпад пливаат по реката Вардар од Тетово кон Скопје, во близина на тетовското село Копанце.
Според сведоци, силните дождови од изминативе денови го зголемиле нивото на Вардар, а надојдената вода повлекла огромни количества ѓубре од десетиците диви депонии кои се протегаат покрај бреговите на реката, од нејзиниот извор во Гостиварско, па сè до местото каде е направена снимката.
Граѓаните бараат итна реакција од надлежните институции и покренување акција за чистење на реката, која со години се соочува со сериозно загадување и занемарување.



![ЕДНА ТРЕТИНА ОД ПОЖАРИТЕ КОЈ ГОРЕА ВЧЕРА СЕ НА ДИВИ ДЕПОНИИ pozarnikari-obuka[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/pozarnikari-obuka1.jpg)


