Со насмевка и факти, Јакимовски му врати на противникот: Зборуваш за Карпош, а живееш во Бразда!
29/10/2025 19:13
Градоначалникот на Општина Карпош и кандидат за нов мандат, Стевче Јакимовски, со хумористична, но прецизна порака му одговори на својот политички противник, кој повторно се обиде да го критикува Карпош без притоа да ги знае реалните состојби во општината.
„Соте, пак си ја утнал работата! Градинки од Куманово, училишта од Ранковце, а сега и кучиња од Шар Планина ни донесе!“, напиша Јакимовски, илустрирајќи дека неговиот противник постојано користи туѓи фотографии и примери кои немаат никаква врска со Карпош.
Со доза на хумор, Јакимовски додаде дека дури и на фотографиите се гледа разлика: „Жардинерата е со коцки, нашите во Карпош се со бетонски блокови! И тоа ‘Тиволи’ позади тебе – па тоа е во Тетово, не во Карпош!“
Тој порача дека Карпош е општина што секојдневно се менува и се развива, но дека некои едноставно не можат да го забележат тоа, бидејќи не живеат таму.
„Карпош се менува секој ден, ама ти не можеш да го приметиш – оти живееш во Бразда, а зборуваш за Карпош“, заврши Јакимовски.
Со оваа објава, градоначалникот уште еднаш ја потврди својата самоувереност и блискост со граѓаните, покажувајќи дека знае како со насмевка да одговори на неоснованите критики.






