MKinformer

your daily dose of news

Уапсен возачот кој прегази жена на пешачки премин пред гимназијата Јосип Броз Тито во Ценар

03/11/2025 13:40

Возачот кој вчера вечер ја прегази 79-годишна жена на пешачки премин во центарот на Скопје и побегна од местото на несреќата е уапсен на патот кон Средно Водно.

Според информациите од полицијата, сообраќајката се случила на 2 ноември 2025 година околу 19:10 часот, на улицата „Димитрие Чуповски“. Возилото „Фолксваген Тигуан“, управувано од 33-годишниот А.А. од Скопје, ја удрило пешачката М.М. (79), која со тешки телесни повреди била пренесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

По интензивна потрага, возачот бил пронајден и лишен од слобода на локалниот пат за Средно Водно. Извршен е увид на местото на настанот, а по целосното документирање, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Несреќата повторно го отвори прашањето за безбедноста на пешачките премини во центарот на Скопје, каде во последниот период се регистрира зголемен број сообраќајни инциденти.

error: Содржината е заштитена од копирање !!