MKinformer

your daily dose of news

Уапсен возачот што прегази 11-годишно девојче на „Перо Наков“ во Скопје и побегна

31/10/2025 10:37

Скопската полиција синоќа околу 19:30 часот го уапси 59-годишниот Б. Р., кој два дена претходно – на 28 октомври околу 20:30 часот – со патничко возило „фиат сеиченто“ прегази 11-годишно девојче на улицата „Перо Наков“ и побегна од местото на несреќата.

Девојчето со тешки телесни повреди било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што ѝ е укажана лекарска помош и засега се наоѓа надвор од животна опасност.

По интензивна полициска потрага, возачот и возилото се пронајдени. По наредба на јавен обвинител, Б. Р. е задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за сообраќајна несреќа со бегство од лице место.

Жителите на улицата „Перо Наков“ одамна предупредуваат дека овој дел од градот е многу небезбеден за пешаците, особено за децата. Тие бараат поставување семафор и забавувачи на брзина, бидејќи таму честопати се случуваат инциденти со повредени пешаци.

error: Содржината е заштитена од копирање !!