Герасимовски оствари средба со поранешните противкандидатки за заеднички иницијативи во Општина Центар
04/11/2025 19:26
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска се сретна со неговите поранешни противкандидатки од локалните избори, Билјана Ивановска од „Независни заедно“ и Марија Среброва од „Левица“. На средбата, поради „службени обврски“, не присуствуваше кандидатот Мирослав Лабудовиќ од „Знам“.
На состанокот, на кој беа присутни и раководителите на секторите во општината, се разговараше за повеќе прашања од интерес за жителите, урбанистички планови, уредување на зеленилото, нови паркинг-зони и најавеното затворање на сообраќајот во Дебар Маало.
„Ги ценам и почитувам моите противници во изборниот процес. Уште во предизборието реков дека секој нивен предлог или иницијатива ќе бидат добредојдени. Нивните искуства и ангажмани го подигнаа квалитетот на целиот изборен процес. Се надевам дека ќе продолжиме со соработка и во иднина“, изјави Герасимовски.
Учесниците се договорија ваквите средби да продолжат и понатаму, со цел заеднички да се развиваат иницијативи кои ќе придонесат за подобар живот на жителите на Општина Центар.



![Во Дебар се предлага организирање на вoopyжени гpaѓански стpaжи policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)


