MKinformer

your daily dose of news

„Водна фонтана“ меѓу згради, предизвика поплава кај АЕК

04/11/2025 19:40

Во самиот срж на „метрополата“ Скопје, меѓу зградите кај АЕК и Археолошкиот музеј на Македонија, денеска пукна водоводна цевка и направи сцена достојна за документарец на „National Geographic“. Од пукнатината почна да извира вода како од старо градско врутче, па тротоарите за миг се претворија во импровизирани канали.

Минувачите се движеа внимателно, како да чекорат по крајбрежје, а дел од туристите, кои токму таму ја бараат „европската слика“ на градот, добија бонус – водена атракција во живо.

Граѓаните коментираат дека Скопје очигледно решило самото да воведе систем за „урбано разладување“, бидејќи институциите, како и обично, реагираат со брзината на капка што тече од расипан чешам.

error: Содржината е заштитена од копирање !!