MKinformer

your daily dose of news

Орбан од Белата куќа: Само Унгарија и САД се залагаат за мир во Украина

07/11/2025 23:44

Западот не е единствен по прашањето за Украина, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничка прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, додавајќи дека само владите на САД и Унгарија отворено се залагаат за мирно решение на конфликтот.

Орбан ги поздрави мировните напори на Трамп, нагласувајќи дека Брисел и Европската Унија погрешно веруваат дека Украина може да победи на фронтот, пренесува унгарската агенција МТИ.

Одговарајќи на новинарско прашање, Орбан истакна дека процентот на илегални мигранти во Унгарија е еднаков на нула, благодарение на „кристално јасен систем“ според кој секој што бара влез мора претходно да поднесе барање за азил надвор од унгарската територија.

Според него, Европската Унија ја санкционира Унгарија токму поради оваа политика, бидејќи Брисел не прифаќа ограничувања за влез на мигранти.

Трамп и Орбан денеска се сретнаа во Белата куќа за да разговараат за зависноста на Унгарија од руската нафта и можностите за јакнење на економската соработка меѓу двете земји.

Ова е нивна прва билатерална средба откако Доналд Трамп повторно ја презеде функцијата претседател на САД во јануари годинава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!