Малолетници во Штип фрлале канта кон зграда, граѓаните бараат реакција од институциите
08/11/2025 13:50
На социјалните мрежи се појави видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа неприфатливо и опасно однесување на малолетници во Штип, објавено на Фејсбук страната „Секојдневието во Штип“.
На снимката се забележуваат две лица родени во 2007 година како фрлаат канта за отпадоци кон тераса од зграда, со што предизвикуваат сериозна опасност за жителите и случајните минувачи.
Според објавените информации, едниот од нив е ученик во Гимназијата „Славчо Стојменски“, а другиот во ЕМУЦ Штип. Граѓаните остро го осудуваат ваквото однесување и бараат итна реакција од родителите, училиштата и надлежните институции.
Од страницата „Секојдневието во Штип“ повикуваат на поголема одговорност и воспитна контрола на младите, предупредувајќи дека ваквите постапки можат да завршат со сериозни последици.
Дополнително, според достапните информации, истите лица претходно оштетувале државен имот на повеќе локации низ градот, при што своите постапки ги снимале и фотографирале.
Полицијата и надлежните институции сè уште не излегле со официјална изјава по повод инцидентот.
Видеата можете да ги гледате ТУКА






