Почина д-р Христијан Писевски – лекарот кој со човечност и знаење им помагаше на сите
10/11/2025 13:35
Клиниката „Жан Митрев“ со длабока тага ја сподели веста дека по долго боледување почина д-р Христијан Писевски, специјалист гастроентерохепатолог.
Во објавата на клиниката се наведува дека д-р Писевски бил посветен лекар, голем професионалец и човек кој секогаш им стоел на располагање на своите пациенти. Колегите ќе го паметат како искрен пријател, скромен човек и доктор со големо срце.
„Како драг колега ќе остане во нашите сеќавања“, стои во пораката на Клиниката „Жан Митрев“, која испрати искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите кои го познаваа.
Со неговото заминување, медицинската заедница изгуби истакнат стручњак и човек кој зад себе остави длабока трага во грижата за здравјето на луѓето.






