Шест скопски улици денес без вода
12/11/2025 8:40
Од Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ – Скопје информираат дека денес (12 ноември 2025 година) поради промена на затворач ф-125 мм на крстосницата Индира Ганди / Гвадалахара, ќе има прекин во водоснабдувањето на неколку улици во општина Карпош.
Без вода ќе бидат корисниците на следниве улици:
-
Гвадалахара
-
Индира Ганди
-
Метохиска
-
Јован Хаџи Шишко
-
Гарсија Лорка
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности, соопштуваат од претпријатието.
Покрај тоа, поради уличен дефект ф-1” на улица Прашка бр. 50, без вода ќе бидат дел од корисниците на оваа улица. И таму прекинот ќе трае од 09:00 часот до санирање на дефектот.
💧 Апел до граѓаните:
Од ЈП „Водовод и Канализација“ апелираат граѓаните да имаат разбирање додека траат интервенциите, како и навремено да обезбедат потребни резерви на вода за пиење и хигиена.


