MKinformer

your daily dose of news

19 дуќани продавале небезбедна храна, 26 работеле на диво, без санитарни прегледи и дезинфекција

16/11/2025 11:44

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изминативе десетина дена спроведе 445 инспекциски контроли кај оператори со храна, при што изрече 15 забрани за вршење дејност и заплени 696 килограми небезбедна храна, која беше нештетно уништена.

Контролите беа насочени кон објекти што се наоѓаат во непосредна близина на основни и средни училишта, каде учениците најчесто купуваат храна.

Според АХВ, состојбата е загрижувачка:

  • 19 оператори ставале во промет небезбедна храна

  • 30 оператори имале незадоволителни хигиенски услови

  • 26 објекти воопшто не биле регистрирани во АХВ

  • 16 оператори немале имплементирано Добра хигиенска и Добра производствена пракса

  • 32 оператори немале спроведено задолжителен здравствено-санирарен преглед на вработените

  • 3 оператори немале извршено задолжителна ДДД третман (дезинфекција, дезинсекција, дератизација)

  • 7 објекти не ги исполнувале техничките услови за работа

  • 7 оператори продавале несоодветно означена храна

За констатираните прекршувања, изречени се парични казни за 77 оператори, во вкупна вредност од 36.470 евра, а издадени се 103 решенија со наредба за отстранување на неправилности и 23 опомени.

АХВ најавува дека засилените контроли ќе продолжат, со фокус на објекти кои се во секојдневен контакт со ученици и млади.

error: Содржината е заштитена од копирање !!