MKinformer

your daily dose of news

Свирепо убиство во Штип: Жената ја држел против волја, па ја закопал во дворот

16/11/2025 17:33

74-годишен штипјанец уапсен за тешко убиство – жената ја држел против волја, па ја закопал во дворот

Министерството за внатрешни работи соопшти дека СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, поднело кривична пријава против 74-годишниот Д.А. од Штип, под сомнение за тешко убиство и противправно лишување од слобода.

Според истрагата, осомничениот во својот дом ја држел против нејзина волја 79-годишната Б.Н. од Штип, а потоа со остар предмет ѝ нанел повеќе убодни рани, од кои таа починала. Телото подоцна го закопал во дворот на куќата.

Случајот бил пријавен на 24 октомври, кога 84-годишната сестра на жртвата пријавила исчезнување во полиција. По насоки дека жената можеби е задржана во домот на Д.А., на 10 ноември бил извршен претрес со судска наредба, при што биле пронајдени траги од крв и други докази.

Осомничениот бил веднаш лишен од слобода, а по дополнителни вештачења бил повторно повикан на разговор, каде што го признал делото и детално го опишал начинот на извршување.

Телото на жената е пронајдено и предадено на обдукција, а Д.А. е изведен пред судија, кој му одредил притвор од 30 дена.

Истрагата продолжува.

error: Содржината е заштитена од копирање !!