MKinformer

your daily dose of news

Берлин: Војна меѓу НАТО и Русија може да избувне до 2029 година

17/11/2025 10:35

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека војната меѓу Северноатлантската алијанса и Русија би можела да избувне во наредните години.

„Секогаш сме велеле дека ова би можело да се случи во 2029 година. Сепак, сега има и други кои велат дека тоа би можело да се случи уште во 2028 година, а некои воени историчари дури веруваат дека го имавме нашето последно мирно лето“, рече Писториус во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Писториус, исто така, тврди дека вооружените сили на земјите од НАТО мора да бидат уште подобро опремени за можни борбени операции против Русија.

Реакција на Русија

Оваа изјава на германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја коментираше портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.

„Сега нема сомнение кој е агресорот“, изјави Захарова за „Спутник“.

Русија во последниве години забележува невидена активност на НАТО по должината на своите западни граници. Алијансата ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи ги „ограничување на руската агресија“.

Руските власти постојано изразуваат загриженост за воено-политичкото засилување на блокот во Европа. Кремљ изјави дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да игнорира дејствија што се потенцијално опасни за нејзините интереси.

error: Содржината е заштитена од копирање !!