MKinformer

your daily dose of news

Напад со огнено оружје во скопско Сарај, полицијата трага по сторителите

18/11/2025 19:04

Вчера околу 19 часот во СВР Скопје, 28-годишниот А.А. од скопското село Сарај пријавил дека кон него биле испукани неколку куршуми од огнено оружје од страна на неколку лица. Нападот се случил во самото село Сарај, а според пријавата, напаѓачите избегале од местото на настанот.

Во инцидентот нема повредени лица.

За настанот бил известен јавен обвинител, додека увидна екипа од СВР Скопје извршила целосен увид на терен.

Полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!