MKinformer

your daily dose of news

Невреме и обилни врнежи: денеска нестабилно време во целата држава

21/11/2025 9:22

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска Македонија ја очекува променливо облачно време проследено со повремени локални врнежи од дожд. На одделни места се прогнозираат и пообилни врнежи, кои можат да надминат 30 литри на квадратен метар во текот на 24 часа.

Метеоролозите предупредуваат и на услови за невреме, придружено со грмежи и засилен јужен ветер, кој во текот на денот може да надмине брзина од 60 километри на час.

Во Скопје се очекува слична временска прогноза, променливо облачно со повремени врнежи во делови од котлината. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од југоисточен правец.

error: Содржината е заштитена од копирање !!