Метео: Какво ќе биде времето денес
24/11/2025 9:36
Од УХМР информираат дека денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а локално и засилен јужен ветер, особено во западните делови од земјата.
Скопје
Во главниот град ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.
Прогноза за наредните денови (вторник – сабота)
-
Претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
-
Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој повремено ќе биде поинтензивен во западните и јужните региони.
-
Во четврток се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег.
-
Од петок ветерот ќе го смени правецот и ќе дува умерено од север, со пад на температурите.






