MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Синојка повторно прегазен пешак на пешачки премин во Центар

27/11/2025 9:42

Пешак вечерва е прегазен на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Центарот на Скопје.

Ова стана еден од најопасните пешачки премини во Скопје за пешаците и велосипедистите.

На социјалните мрежи е објавена снимка направена непосредно по несреќата, на која се гледа повредениот човек како лежи на коловозот, додека минувачи се обидуваат да му помогнат.

 

Од полицијата сè уште нема официјални информации за несреќата и за здравствената состојба на човекот.

Пред неполн месец, на истиот пешачки премин возач на џип прегази жена и избега од местото, но возачот подоцна беше уапсен.

error: Содржината е заштитена од копирање !!