Скопје вечерва втор најзагаден град во Европа со AQI 154, покажува IQAir
02/12/2025 22:05
Според најновите податоци на IQAir, главниот град Скопје вечерва е рангиран како вториот најзагаден град во Европа, со индекс на квалитет на воздухот (AQI) од 154, што го става во категоријата „нездрав за сензитивни групи“. На светско ниво, Скопје моментално се наоѓа на 19-то место по загаденост.

Во Европа, пред Скопје е единствено Сараево, кое вечерва го држи првото место на континентот и 12-тото во светот. Зад Скопје се наоѓаат, Приштина на 21то место, Белград и Загреб на 34то односно 36то место, што ја потврдува сериозноста на регионот во однос на зимското загадување.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, пред неколку дена изјави дека борбата со загадувањето мора да почне од основниот предизвик – начинот на греење на домаќинствата. Тој нагласи дека потребни се долгорочни решенија за да се намали аерозагадувањето во зимскиот период.





