(ВИДЕО) ПОВЕЌЕ ОД 50.000 ГРАЃАНИ НА ПРОТЕСТ ВО СОФИЈА: ЕСКАЛАЦИЈА, ИСКРШЕНИ ИЗЛОЗИ И ЗАПАЛЕНИ КОНТЕЈНЕРИ
02/12/2025 8:38
Во главниот град на Бугарија, Софија, синојка излегоа над 50.000 граѓани на масовни протести против актуелната влада. Според извештаите, најголемиот дел од демонстрантите се млади луѓе, револтирани од политичкиот систем и од начинот на кој државата се води во последните години.
Today #Bulgaria protests! Thousands of Bulgarians are in front of parliament and demand the resignation of the government. 🙌🏼 pic.twitter.com/KXDYYrEzJJ
— NessieK (@NbK1808) December 1, 2025
Протестите ескалирале околу 22:30 часот, кога група маскирани демонстранти почнале да кршат излози на продавници по булеварот „Књаз Александар Дондуков“. Дел од присутните запалиле контејнери за ѓубре пред седиштето на партијата ГЕРБ, ги скршиле прозорците на зградата и извадиле столчиња од канцелариите.
Освен во Софија, протестни собири се одржуваат и во Пловдив, Варна и други големи градови низ државата. Дополнителни 30.000 демонстранти синоќа излегоа на улиците во повеќе од десет градови, со што протестното движење добива национални размери.
Според сведоштва од терен, причината за ширењето на протестите е и, како што велат граѓаните, арогантниот и непочитувачки однос на владата кон јавноста и приватниот сектор за време на преговорите за државниот буџет.
На видеата од протестите може да се забележат бугарски знамиња, но и знамиња на Европската унија, како симболичка порака за насоченоста на демонстрантите кон европските вредности и стандарди.






