(Видео)Гори објект во Скопската Чаршија, во близина на Црквата „Свети Спас“ и Пивница
04/12/2025 23:06
Вечерва голем пожар избувна во близина на црквата „Свети Спас“ и пивницата, каде што е зафатен објект во Старата скопска чаршија. Противпожарните екипи веднаш излегоа на терен и работат на локализирање на огнените јазици, додека причините за избувнувањето засега не се утврдени.
Очекувањата се дека надлежните институции ќе излезат со повеќе информации во текот на вечерта.
Граѓаните се повикуваат да се држат подалеку од местото на настанот заради нивна безбедност и непречено функционирање на службите.
View this post on Instagram






