MKinformer

your daily dose of news

ЕУ и САД се скараа околку „Твитер“: РУБИО ВЕЛИ ТОА Е НАПАД ВРЗ АМЕРИКАНСКИОТ НАРОД

06/12/2025 13:41

Американскиот државен секретар Марко Рубио жестоко реагираше на одлуката на Европската Унија да ја казни платформата Икс (X), порнешен „Твитер“ со 120 милиони евра поради прекршување на правилата за транспарентност. Според Рубио, казната претставува „директен напад врз американските технолошки платформи и врз американскиот народ“.

Казната од 140 милиони долари не е само напад врз Икс, туку напад врз сите американски технолошки платформи од страна на странски влади. Деновите на цензурирање на Американците се завршени“, напиша тој на самата платформа, која е во сопственост на Илон Маск.

Зошто Икс доби казна?

Европската комисија ја обвини платформата дека:

  • лажно автентицирала кориснички сметки со сини ознаки,

  • прикривала податоци од истражувачи,

  • не ги документирала рекламите што се појавуваат на платформата.

Потпретседателката на Европската комисија, Хена Виркунен, изјави дека „измамувањето на корисниците и прикривањето информации немаат место онлајн во ЕУ“, и дека изречената казна е пропорционална на прекршокот.

Одлуката е донесена врз основа на Законот за дигитални услуги на ЕУ (DSA) – најстрогиот европски рамковен закон за регулирање на социјалните мрежи.

САД реагираат – тензии меѓу Брисел и Вашингтон

Критики стигнаа и од други високи американски функционери.
Потпретседателот Џ. Д. Венс изјави дека „ЕУ треба да ја поддржува слободата на говорот, а не да ги казнува американските компании поради ѓубре“.

Претседателот Доналд Трамп одамна ги осудува европските дигитални регулативи како „антиконкурентски“ и насочени против американските интереси.

Од друга страна, ЕУ останува цврста во ставот дека платформите мора да ги почитуваат европските правила доколку работат на нејзина територија.

Што следува?

Икс има право да покрене правна постапка против одлуката, која најверојатно би завршила пред Европскиот суд на правдата.
Во меѓувреме, случајот дополнително ги заострува односите меѓу ЕУ и САД во сферата на дигиталната регулација.

error: Содржината е заштитена од копирање !!