Поради магла германски воен авион пренасочен од Приштина кон Скопје
09/12/2025 22:24
Германски воен авион со часови кружеше над Приштина, откако поради густа магла не можеше да слета на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“, соопшти Агенцијата за услуги за воздухопловна навигација.
Според податоците од веб-страницата Flightradar24, авионот на крајот бил пренасочен и успешно слетал на аеродромот во Скопје.
Дритон Ујкани од Националната администрација за аеронаутика и вселена (ASHNA) изјави дека авионот немал екипаж сертифициран за слетување во услови на слаба видливост, што ја наметнало одлуката за одложување на слетувањето и дополнително кружeње над аеродромот.
„Другите летови се одвиваат нормално“, изјави Ујкани, нагласувајќи дека станува збор за изолиран случај поради специфичните услови и процедурите на авионот.
Според податоците од Flightradar24, воениот авион на германската армија полетал од Берлин во 8:40 часот наутро, а поради лошите временски услови во Приштина, ја променил рутата и слетал во главниот град на Македонија.





