MKinformer

your daily dose of news

Авион на Wizz Air од Скопје за Париз прогласил вонредна состојба и принудно слетал во Брисел

08/02/2026 12:57

Авион на авиокомпанијата Wizz Air, кој утрово сообраќал на линијата СкопјеПариз, бил принудно пренасочен кон Брисел, откако екипажот прогласил вонредна состојба за време на летот.

Според податоците од платформата Flight RouteXplorer, вонредната состојба била активирана околу два часа по полетувањето, додека леталото се наоѓало над воздушниот простор на Луксембург. Станува збор за летот W64719, изведен со авион од типот Airbus A321neo.

По донесената одлука, екипажот веднаш го прекинал летот кон француската престолнина и се упатил кон аеродромот Шарлроа, каде што авионот безбедно слетал околу 7:30 часот по универзално време.

Платформата Flightradar24 исто така потврди дека авионот наместо во Париз, го завршил летот во белгиската престолнина.

Засега нема официјални информации за причините кои довеле до прогласување на вонредната состојба, а од Wizz Air се очекува дополнително соопштение во текот на денот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!