MKinformer

your daily dose of news

Сончево и стабилно време денес, по котлините утринска магла

09/12/2025 9:42

Утрово повеќе котлини ќе бидат зафатени со магла, додека во текот на денот се очекува претежно сончево и мирно време, соопшти УХМР. Исклучок ќе бидат југоисточните региони каде ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималните температури се движат од –2 до 5 степени, а дневните ќе се искачат меѓу 9 и 15 степени.

Во Скопје, делови од котлината претпладне ќе имаат магла, но подоцна ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Температурите ќе се движат од 1 до 11 степени.

До крајот на неделата земјата ќе остане под влијание на висок воздушен притисок, што ќе значи стабилно и потопло време. Во претпладневните и ноќните часови по котлините повторно ќе се јавува магла.

error: Содржината е заштитена од копирање !!