MKinformer

your daily dose of news

ВД градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани официјално поднесе кандидатура за градоначалник за повторените избори

10/12/2025 21:47

Ваљбон Лимани од вечерва и официјално влезе во трката за градоначалник на општина Гостивар, поднесувајќи ја својата кандидатура до Општинската изборна комисија. Тој пристигна во придружба на поддржувачи и коалициски партнери од Националната алијанса за интеграција, симболично означувајќи го стартот на кампањата за повторните избори.

Лимани изрази оптимизам околу исходот на изборите, нагласувајќи дека очекува победа, но дека конечната одлука ја носат граѓаните на 11 јануари.

Во однос на кампањата, тој истакна дека фокусот ќе биде на директни средби со жителите во сите делови од општината, бидејќи програмата што ја претстави на 19 октомври веќе им е добро позната на гостиварчани. Токму на овие средби, како што додаде, ќе се разговара и за настаните и предизвиците што ја одбележаа изминатата изборна постапка.

Кандидатурата на Лимани засега е единствена. Рокот за пријавување кандидати за повторените локални избори истекува утре на полноќ.

Во првиот изборен круг во октомври, Лимани не успеа да го обезбеди потребниот цензус – му недостигале само 23 гласа. До неодамна тој ја извршуваше функцијата вршител на должноста градоначалник на Гостивар.

error: Содржината е заштитена од копирање !!