MKinformer

your daily dose of news

Група мигранти предизвикале штета во кампот Табановце: Црвен крст се повлече, полицијата алармирана

11/12/2025 20:21

Порталот „Инфомакс“, повикувајќи се на како што наведува „високи извори“, објави дека поголема група мигранти предизвикале сериозен инцидент во мигрантскиот камп кај граничниот премин Табановце. Според нивните информации, околу дваесет лица направиле значителна материјална штета врз повеќе објекти и инфраструктура во кампот, вклучително и контејнери, кујнски простории и објектите што ги користи Црвениот крст.

Изворите на порталот тврдат дека биле демолирани кујнските простории, украдена храна, оштетени шаторски конструкции, како и објектот во кој е сместен персоналот на Црвениот крст, при што исчезнале мобилни телефони и други предмети. Дополнително, е посочено и на неморално однесување на дел од мигрантите, што предизвикало вознемиреност кај персоналот.

Во информацијата која Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја доставува неделно до институциите вклучени во системот за одговор на мигрантската криза, биле наведени деталите за штетите и за однесувањето на групата мигранти, претежно од Египет и Авганистан, кои се сместени во објектите по нивната регистрација од страна на граничната полиција.

Според истите извори, биле алармирани полициските служби, а Црвениот крст одлучил привремено да се повлече од пунктот во Табановце поради загриженост за безбедноста на волонтерите.

„Во насока на заштита на своите вработени Црвен крст од денес се повлече од ТПЦ Табановце и денес нема да се служи храна и пружаат други услуги кон мигрантите“, се наведува во информацијата.

Побарана е координација меѓу институциите за донесување понатамошни одлуки со цел надминување на ситуацијата и воспоставување ред во кампот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!