MKinformer

your daily dose of news

Ѓорѓиевски најавува Луна парк по европски стандарди: стартува јавната набавка

12/12/2025 20:27

Скопје наскоро ќе добие целосно нов и современ Луна парк, откако градоначалникот информираше дека започнува постапката за јавна набавка за проектирање и монтажа на новиот забавен комплекс.

Според најавите, новиот Луна парк ќе биде изграден според високи европски стандарди, со посебен акцент на безбедноста, модерната технологија и инклузивноста. Комплексот ќе нуди ролеркостери, водени атракции, интерактивни содржини, зони со виртуелна реалност, како и напредни безбедносни системи. Просторот ќе биде целосно пристапен и прилагоден за лица со попреченост.

На површина од околу 84.000 квадратни метри ќе бидат уредени и зони за одмор, улична уметност, простори за културни настани и затворен театар. Дел од планираните атракции се панорамско тркало, пиратски брод, подморница и таканаречената „среќна лулашка“, кои треба да придонесат за нов туристички белег на главниот град.

„Како што ветив – најдоброто допрва доаѓа. Скопјани конечно ќе добијат Луна парк кој ќе биде симбол на нов почеток и на модерно, гордо и достоинствено Скопје“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!