MKinformer

your daily dose of news

Ибрахим Траоре вети 5.000 километри асфалтирани патишта на почетокот на годината, а направи повеќе од 8.000

13/12/2025 19:47

Претседателот на Буркина Фасо, Ибрахим Траоре, пред својот народ вети амбициозен инфраструктурен план на почетокот на 2025 година – изградба помеѓу 3.000 и 5.000 километри асфалтирани патишта. Но, наместо само да ја исполни целта, неговата администрација ја надмина далеку над очекувањата, реализирајќи повеќе од 8.000 километри асфалтирани патишта за една година.

Покрај забрзаната изградба на патната мрежа, владата на Траоре инвестираше и во набавка на специјализирани градежни возила и механизација, со што се создадоа услови за долгорочна инфраструктурна независност и континуитет во развојот.

Додека многу африкански лидери, а богами и кај нас со години даваат ветувања што никогаш не се реализираат, Траоре стана редок пример на лидер кој не само што ги исполнува своите ветувања, туку ги надминува. Токму поради тоа, тој ужива силна поддршка и почит не само во Буркина Фасо, туку и низ целиот африкански континент и пошироко.

Неговото лидерство сè почесто се посочува како доказ дека Африка може да напредува со домашни капацитети, јасна визија и политичка волја, без зависност од надворешни диктати.

error: Содржината е заштитена од копирање !!