(ВИДЕО) Најмалку тројца загинати во пукотница на плажа во Сиднеј за време на прослава на Ханука
14/12/2025 12:16
Повеќе од 50 истрели биле испукани за време на сериозен безбедносен инцидент на една од најпознатите плажи во Австралија – Бонди Бич во Сиднеј, по што околу 2.000 лица во паника почнале да бегаат.
Снимки што кружат на социјалните мрежи прикажуваат двајца мажи, целосно облечени во црно, како од паркинг простор неселективно пукаат со автоматски пушки кон плажата. Во позадина јасно се слушаат полициски сирени, додека присутните луѓе во хаос се обидуваат да се засолнат и да избегаат од местото.
Полицијата во австралиската држава Нов Јужен Велс (NSW) веднаш реагираше и потврди дека е во тек интервенција поради сериозен безбедносен ризик. Надлежните апелираат граѓаните и туристите итно да ја избегнуваат областа околу плажата.
„Сите лица кои се наоѓаат во близина на местото на инцидентот треба веднаш да побараат засолниште во затворен простор. Полицијата е на терен и ќе ја информира јавноста штом ќе има повеќе детали“, соопштија од полицијата на Нов Јужен Велс.
Засега нема официјални информации за повредени или жртви, а истрагата за мотивите и идентитетот на напаѓачите е во тек.






![(Boзнeмиpyвaчкo видео) CTPAШНO: Paкeти пaѓaa вpз гocти вo кaфyлe во Тел Авив raketi-kafic-izrael[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/raketi-kafic-izrael1.jpg)
One thought on “(ВИДЕО) Најмалку тројца загинати во пукотница на плажа во Сиднеј за време на прослава на Ханука”
Comments are closed.