(Видео)Во Гази Баба утрово срушена дивоградба, објави градоначалникот Стефковски
18/12/2025 11:09
Во Инџиково рано изутрина започна акција за уривање на нелегално изграден објект, информира градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
Објектот се наоѓал во приземна – карабина фаза, а според општината постоела очигледна намера за доградба на дополнителен кат. И покрај издаденото решение на градежниот инспектор за прекин на работите и затворање на градилиштето, инвеститорот продолжил со активности, што доведе до активирање на акцијата.
Уривањето започнало во 05:00 часот со претходна координација и обезбедување од страна на Министерството за внатрешни работи.
Градоначалникот Стефковски упати порака до граѓаните да ги почитуваат законските процедури:
„Не започнувајте градба без Одобрение за градење. Ред, закон и еднаквост за сите.“






