MKinformer

your daily dose of news

Кошта со порака до Македонија: „Властите знаат што треба да направат“ – ЕУ очекува исчекор во евроинтеграциите во 2026 година

18/12/2025 0:40

По завршувањето на Самитот ЕУ–Западен Балкан, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта даде изјава во која се осврна на пет земји од регионот – сите освен Србија, која го бојкотираше состанокот.

Говорејќи за Македонија, Кошта нагласи дека ЕУ го поздравува напредокот во регионалната поврзаност и порача дека во 2026 година очекува „реален исчекор“ во евроинтеграциите.

„Во однос на Македонија, ги поздравуваме чекорите за зајакнување на регионалната поврзаност. Се надеваме на вистински напредок во 2026 година. Нивните власти знаат што треба да направат“, изјави Кошта.

Во продолжение тој даде краток преглед за останатите земји од регионот:

  • Црна Гора – според Кошта, процесот на пристапување кон ЕУ се забрзал, а само неделава биле затворени пет поглавја.

  • Албанија – за многу кратко време ги отвори сите преговарачки групи, последните во ноември. „Следната година ќе биде нивниот момент на вистината за забрзување на реформите“, рече Кошта.

  • Босна и Херцеговина – годинава ја усвои Реформската агенда, што е предуслов за пристап до Планот за раст на ЕУ, кој треба да го засили економскиот развој и интеграцијата.

  • Косово – ЕУ ги поздравува чекорите за градење доверба меѓу заедниците. Претстојните избори, според Кошта, може да бидат клучен момент за консолидација на реформите и напредок кон европскиот пат.

Самитот се одржа во сенка на бојкотот од Србија, но Кошта порача дека европската перспектива на регионот останува отворена – под услов земјите да продолжат со реформите и да ја одржат стабилноста.

error: Содржината е заштитена од копирање !!