MKinformer

your daily dose of news

ДУИ денеска го одржува петтиот конгрес – најавени реорганизација и промени во раководството

20/12/2025 13:49

Демократската унија за интеграција денеска во Скопје го одржува својот петти конгрес. Потпретседателот и портпарол на партијата, Арбр Адеми, по локалните избори најави дека Конгресот ќе биде искористен за реорганизација и обновување на партиските структури.

ДУИ претходно, по седницата на партискиот Совет минатиот месец, соопшти дека овој партиски собир ќе има клучно значење за понатамошниот политички, организациски и програмски курс на партијата. Во соопштението беше наведено:
„Конгресот претставува клучен процес за политичката визија, зајакнувањето на внатрепартиските демократски механизми и подготовката на структурите за новите предизвици.“

Медиумските најави укажуваат дека на Конгресот се очекуваат повеќе кадровски промени во врвот на партијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!