Променливо облачно со магла, од вечерните часови најавени врнежи од дожд и снег
22/12/2025 9:09
Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви интервали, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во пониските котлини ќе има појава на магла, а ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од –4 до 1 степен, додека дневните максимални ќе достигнат меѓу 4 и 12 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла во одделни делови од градот. Минималната температура ќе се спушти до –2 степени, а максималната ќе се искачи до 4 степени.
Според УХМР, утрешниот ден ќе донесе задржување на стабилните временски услови, со магла и зголемена облачност во котлините. Кон крајот на денот и во наредните денови, под влијание на серија влажни воздушни бранови, се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на одредени места може да бидат и пообилни. На планините и повисоките области, поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во снег.






