MKinformer

your daily dose of news

Кисела Вода ги започна подготовките за Бадниковите поворки 2026, повик до најмладите

22/12/2025 14:44

Кисела Вода се подготвува за Бадниковите поворки 2026, повик до најмладите да ја шират божиќната радост

Општина Кисела Вода и оваа година навреме започнува со подготовките за една од најубавите и најзначајни празнични манифестации, Бадниковите поворки 2026, наменети за најмладите жители на општината.

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска преку објава на социјалните мрежи упати топол и радосен повик до дечињата и нивните родители да се вклучат во подготовките и заеднички да ја разбудат магијата на Христовото Рождество – Божиќ.

„Време е повторно да ја разбудиме убавината на нашиот најубав празник и да ја рашириме радоста на овој прекрасен ден“, порача градоначалничката.

Сите дечиња кои сакаат да бидат дел од Бадниковите поворки можат да се пријават на следните контакт броеви:
📞 Дарко Петровски: 078/383-746
📞 Маријана Блажевска: 070/285-343

Во рамки на подготовките, Општина Кисела Вода организира и Бадникова работилница, која ќе се одржи во сабота, 27 декември 2025 година, со почеток од 10:00 часот, во спортската сала на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“.

На работилницата дечињата ќе имаат можност да се дружат, да изработуваат бадникови ѕвездички и да ја учат песната „Вечниот Бог“, подготвувајќи се за најубавото празнично доживување.

Работилницата е отворена за сите дечиња, а од Општината порачуваат дека сите се добредојдени да бидат дел од празничната магија и традицијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!