MKinformer

your daily dose of news

Делови од Карпош и Центар денеска без вода поради зафати на водоводната мрежа

23/12/2025 10:18

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека денеска (вторник) поради технички интервенции ќе има прекин на водоснабдувањето во делови од општините Карпош и Центар.

Поради замена на вентил со пречник ф-2“ на крстосницата меѓу улицата Октомвриска Револуција и булеварот Партизански Одреди, без вода ќе останат корисниците од зградите со броеви 10, 12 и 14 на улица Октомвриска Револуција, како и дел од булевар Партизански Одреди, на потегот од улицата Никола Тесла до Октомвриска Револуција. Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување на санацијата.

Дополнително, поради изведба на водоводен приклучок со пречник ф 100 мм на улицата Наум Наумовски Борче број 63, без вода ќе бидат корисниците на истата адреса. Во овој дел водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, сè до комплетирање на работите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!