MKinformer

your daily dose of news

Хаос на „Христо Татарчев“: Опасно претекнување заврши со ланчан судир

26/12/2025 18:22

Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа во скопската општина Кисела Вода, на улицата „Христо Татарчев“, кај поранешен ИноСпектар, на патот кон Припор.

Според првичните информации од очевидци, во несреќата учествувале три возила со скопски и тетовски регистерски ознаки. Како што раскажуваат сведоците, несреќата настанала поради непочитување на дозволената брзина, недржење безбедна дистанца, како и грубо прекршување на сообраќајните правила.

Имено, едно од возилата кое се движело кон Припор започнало опасно претекнување, без да внимава дека од спротивната насока се движат други возила. Возачите кои доаѓале од правец на Припор, во обид да избегнат директен фронтален судир, се обиделе да маневрираат, по што дошло до ланчан судир на сите три возила.

По несреќата, еден од учесниците се пожалил на повреди и со цивилно возило бил префрлен во ургентен центар во една од скопските болници. Засега нема официјални информации за тежината на повредите.

На местото на настанот сè уште се чека увидна екипа на МВР, по што се очекуваат повеќе детали и официјална информација за причините и последиците од сообраќајната несреќа.

Фотофрафиите може да ги видите ТУКА

error: Содржината е заштитена од копирање !!