Возач удрил дете пешак и побегнал од местото на несреќата во Скопје, лицето е приведено
29/12/2025 22:46
Полициски службеници од СВР Скопје денеска (29 декември 2025 година) го лишија од слобода С.И. (65) поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.
Како што информира полицијата, во 14:50 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Џон Кенеди“, „Максут Садик“ и „Македонска бригада“ во Скопје, патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски таблички удрило во дете пешак.
По пристигнувањето на полициските службеници на местото на настанот било утврдено дека возачот го оставил возилото и се оддалечил од местото на сообраќајната несреќа. По преземени оперативно-тактички мерки, лицето било пронајдено во непосредна близина и веднаш лишено од слобода.
🚑 Детето со тешки повреди на интензивна нега
Повреденото дете, поради сериозноста на повредите, со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Клинички центар Мајка Тереза, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди, по што детето е задржано на интензивна нега.
По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Скопје.






