MKinformer

your daily dose of news

Се преврте цистерна на патот Струга – ГП Ќафасан

30/12/2025 14:31

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во моментов е во целосен прекин сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан поради превртена цистерна на коловозот.

Како што соопштуваат од МВР, сите надлежни служби се излезени на местото на настанот, при што се преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната незгода, како и за отстранување на цистерната и нормализирање на сообраќајот.

Од институциите најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана веднаш штом се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот на оваа делница.

📌 Возачите се повикуваат да користат алтернативни патни правци и да ги следат официјалните информации од надлежните служби.

error: Содржината е заштитена од копирање !!