Сообраќајот се одвива непречено, слаб снег на планинските превои без задржување
02/01/2026 14:50
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од ЈП Македонија пат.
Слаб снег провејува на одделни делници, но во моментов не се задржува на коловозите на патните правци Гостивар, Маврово, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.
Од ЈП „Македонија пат“ посочуваат дека на одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на поситни одрони.
🚗 Апел до возачите
Надлежните апелираат на:
-
внимателно управување со возилата,
-
почитување на сообраќајната сигнализација,
-
прилагодување на брзината според условите на патот.
Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.




